28 дечиња од „11. Октомври“ заминаа на летување во Турција

На седумдневно летување во Турција вчера заминаа 28 деца од ЈУ Детски дом „11 Октомври”-Скопје и од Јавната установа за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми-Скопје.

Летувањето, како што соопштија денеска од МТСП, се реализира на покана од  Директоратот во Истанбул на Министерството за семејна и социјална политика на Република Турција.

Децата се придружувани од воспитувачи од јавните установи, кои ќе разменат искуства со своите колеги од Република Турција.

26.08.2013 - 12:11

најчитано сега