ДУИ: Не е време за избори
ДУИ е против ибори. Партисткиот портпарол Бујар Османи денеска на средба со новинарите рече дека сега не е време за избори и дека соочувањето со граѓаните, не е решение за случувањата од 24 декември. Османи рече дека ДУИ бели во замка која ја постаил Социјалдемократскиот сојуз а за инцидентите виновни се и двете страни. Според портпаролот, неговата партија се понудила како олеснувач во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ но двете најголеми македонски партии, тоа не го побарале.
Од ДУИ велат дека резултатот од полседните избори покажува дека и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ уживаат огормен легитмитет и поддршка меѓу граѓаните, што значи дека ново соочување на избори не е потербно. Сепак, Османи вели дека доколку СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорат, да се распушти Собранието, тогаш и ДУИ ќе ја поддржи таа инцијатива.
Од партијата додаваат дека нивниот врвен приоритет остануваат македонските евроатлански интеграции и апелираат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги усогласат ставовите околу извештајот за да не се загрози препораката за старт на преговорите од Европската Комисија.