Си замина Лино Червар

 

Трофејниот хрватски стручњак Лино Червар си заминал од Скопје во Белград и можно е повеќе да не се врати како тренер на Металург.

Хрватскиот весник Вечерњи лист денеска објави дека по последниот пораз од Бешикташ во Лигата на шампионите, тој го напуштил тимот и во следниот период Металург ќе биде предводен од Александар Јовиќ. Тој ќе ги почне подготовките за Европското првенство каде ќе ја предводи хрватската репрезентација, а никој, па дури ни тој самиот, со сигурност не кажува дали прекинува љубовта со нашиот вицешампион.

„Во Загреб останувам на неодредено време, имаме многу работа, а мал период. Во октомври играме два важни пријателски натпревари со Словенија и фокусирам сум на тоа. Нема да биде важен резултатот колку тоа играчите да ги рифатат сите мои идеи”, изјави Червар за Вечерњи.

Тимот на Металург ќе го води Александар Јовиќ. До кога, никој не знае или никој не сака да каже.

 

 

 

 

 

26.09.2017 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега