Динамо Загреб на мета: Сакаа да го убијат Мамиќ, сега го претепаа тренерот Цвитановиќ

 

Динамо Загреб лесно со 6:0 славеше против аматерскиот тим на Имбировец во Купот на Хрватска, но и покрај тоа, тренерот Марио Цвитановиќ настрада. По завршување на мечот, додека Цвитановиќ се враќал во својот дом, бил начекан од двајца маскирани напаѓачи.

Напаѓачите вооружени со палки, започнале да го тепаат тренерот на Динамо. По нападот, истепаниот стратег повикал полиција, но побарал и лекарска помош. Дел од навивачите на Динамо се незадоволни од играта и резултатите на Динамо и бараа оставка од тренерот Цвитановиќ.

Сепак, засега не се знае кои се мотивите за овој напад брз стратегот на најтрофејниот тим во Хрватска.

 

 

 

20.09.2017 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега