Државата ќе го поевтинува користењето на Телеком Арена откако Вардар најави дека се сели во Маџари
"Во интерес на изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за сите страни кои се засегнати од новонастанатата состојба која произлезе со донесување на новиот ценовник за користење на Националната Арена Филип Втори, со кој стопанисува Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката (скретен назив АДСДП) – Скопје, a кој беше донесен со цел да се спречи финансиски колапс на стадионот и да се обезбеди понатамошно нормално функционирање на истиот, Ве информираме дека во тек е организирање на заеднички работен состанок кој има за цел изнаоѓање на позитивно решение во нај кус можен рок. " - стои во соопштението.
Реакцијата следи по серијата критики од јавноста по и фпрмацијата дека за еден натпревар во Лига Европа Вардар плаќа по 40.000 евра, а цените се меч од домашното првенство достигнуваат и над 6.000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа