Заев: Нема да учествуваме на криминални избори

 

„Без промени во Изборниот Законик и без целосно прочистување на Избирачкиот список СДСМ нема да дозволи да се одржат предвремени парламентарни избори„. Ова е одговорот на Зоран Заев на прашањето за можност за одржување на предвремени избори и позицијата на СДСМ кон ова прашање.

„Ние нема да учествуваме на криминални избори. Такви избори нема ни да дозволиме“, рече Заев.

Претходно лидерот ан СДСМ ја обвини власта за неуспехот на Комисијата за 24 декември.Тврди дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле одговорност за исфрлањето на патениците но не прифатиле дефинирање на уставно прекршување за исфрлањето на новинарите од собраниската сала.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа негираше дека тоа била точката на сопнување меѓу двете партии. 

24.08.2013 - 14:20

најчитано сега