Велешанец се обидел да го убие таткото на неговата екс сопруга

 

40 годишниот велешанец И.П. се обидел да го убие таткото на неговата екс сопруга.

Од МВР информираат дека рано утринава, И.П. отишол во селото Отовица во куќата на родителите на неговата поранешна сопруга и почнал расправија со нив. Во еден момент, тој се збеснал и физички ги нападнал екс сопругата и нејзината мајка, а потоа со нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот на таткото на поранешната сопруга, 64 годишниот С.П.

Велешанецот си заработи кривична пријава за “убиство во обид“.

23.08.2013 - 13:11

најчитано сега