ВМРО-ДПМНЕ: Владата спроведува погрешни политики, економијата пред колапс

ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека економијата е пред колапс за што показател е падот на индустриското производство во јули и обвини дека за тоа е виновна Владата предводена од СДСМ и политиките што ги спроведува. 

- Ова е втор сериозен сигнал дека одиме во погрешен правец. Првиот беше падот на просечната плата во јули во однос на јуни. Прв пад на просечната плата по долги години, рече Христијан Делев на прес-конференција.

Тој обвини дека Владата неконтролирано ги троши парите од државните резерви и од аукциите на државни хартии од вредност и оти досега не е почнат ниту еден проект кој би бил од корист за граѓаните. 

- Владата со земање на огромни суми на пари во период непосредно пред избори, остава сериозен сомнеж за криминал и изборен поткуп. Поради овие факти апелираме до сите претставници на меѓународните организации кои го мониторираат изборниот процес да внимаваат на можни нерегуларности и обиди за изборна корупција, рече Делев.

Според него, на 25 август Владата потрошила и 2,7 милиони евра во ставката стоки и услуги, односно за набавка на инвентар и договорни услуги. 

 

 

 

30.08.2017 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега