Пет супер-изуми кои ги измислиле жените

 

Погледнете кои пет суперизуми се измислени од жени. Мора да признаеме дека без женскиве измуми, светот не би можел нормално да функционира. 

1. Бришачи на автомобил

Во 1903 година, Мери Андерсон добила идеја која потоа донела денешните бришачи за автомобилски стакла. Таа додала гумен додаток на една шипка, а во следните децении нејзиниот  изум е усовршен.

2. Соларно греење

Унгарката Марија Телкес се преселила во Америка во 1925 година и започнала да работи на проект за соларното греење. Таа го разви и пласираше првиот систем за соларно греење во 1940 година. На проектот работела со архитектката Еленор Рејмонд.

3. Пиво

Иако не може да се тврди кој прв го произвел пивото онакво какво што денес со задоволство го пиеме, познато е дека пред 7.000 години жените во Месопотамија биле задолжени за производство на пиво, пијалак кој се сметал за божји дар. 

4. Противпожарни скалила

Ана Конли ги измислила и конструирала првите противпожарни надворешни скалила за евакуација во 1897 година. 

5. Панцир

Жена го измислила и заштитниот балистички елек познат како панцир. Стефани Кволек го патентираше својот изум во 1966 година.

23.08.2013 - 09:36

најчитано сега