Подметната бомба кашикара во зграда во Дебар
Во станбена зграда во населбата „Венец 1“ во Дебар, вчера е пронајдена бомба кашикара.
Според полициски извори бомбата била оставена во ходникот на петтиот кат, во кутијата на хидро системот за гаснење пожари. Детонарот бил изваден од неа и оставен во нејзина близина.
За бомбата биле известени во дебарската Дирекција за заштита и спасување, од каде велат дека не се надлежни за нови, туку за заостанати, стари експлозивни направи.
Екипа на дебарската полиција ја подигнала бомбата и ја испратила на вештачење во Скопје. Истрагата е во тек.
22.08.2013 - 13:24