Пукотници го вознемирија прилепско - бесни деца крвнички си ја нападнаа маќеата
Во вторникот вечер, настанала крвава драма во куќата на 48 годишниот Т.Д. во прилепско Кривогаштани.
Како што информираат од МВР, синот на Т.Д., 18 годишниот Ф.Д. ја нападнал вонбрачната сопруга на неговиот татко, крушевчанката Г.В.(31). Момчето и нанел на жената тешки телесни повреди, и се заканувал дека ќе ја убие и пукал со пиштол во воздух. Откако ф.Д. ја претепал својата маќеа, ја нападнал и другиот син, кој имал само 8 години.
За среќа, жената некако успеала да им помогне на бесните деца и се сокрила кај соседите.
Полицијата работи на расветлување на случајот.
22.08.2013 - 11:58