Јакимовски: Почна со клоцање тараби па бараше помош од амбасадорите - Жерновски со погрешна стратегија
-Мислам дека господинот Жерновски направи голема грешка што првиот ден од својот мандат го започна со клоцање на тараби, наместо да започне со позитивна енергија, вели Стевчо Јакимовски во интервју за порталот „Фактор“.
Според градоначалникот на Општина Карпош, стратегијата на Андреј Жерновски е опонирање на централната власт.
-Гледаме дека во континуитет целокупната негова активност се сведува на опонирање на централната власт, што е очигледно е негова стратегија. Јас и на почетокот изјавив дека работата ќе му биде од играчка – плачка, и плачката му дојде кога му се собраа неколку илјади граѓани. Му дојдоа пред оштината и потоа напомош ги бараше амбасадорите. Не знам дали ги консултираше амбасадорите кога одлучи со клоци да урива огради, а потоа кога ја уриваат неговата ограда тогаш ги бара амбасадорите. Убеден сум дека тоа е погрешна стратегија, вели Јакимовски за Фактор.
Јакимовски вели дека и тој се соочувал со инспекции, исто како и градоначалникот на Центар, но, кај него не успеале да најдат неисправност.