Здружението на Јунајтед од Македонија ја посети баба Нада, стана нивен почесен член
Нада Скерлев е пензионирана лекарка-педијатар која има 84 години, а 59 од нив навива за англискиот фудбалски клуб „Манчестер Јунајтед“.
-Таа со „Црвените ѓаволи“ е подолго од Сер Алекс Фергусон, но среќата не ја послужила кога се обидела преку лотарија да добие билет за да присуствува на финалето на Суперкупот кој треба да се одржи во вторник. Затоа, нејзините ќерки покренаа иницијатива на социјалните мрежи за тетка Нада да добие билет. Здружението на Манчестер Јунајтед од Македонија стапи во контакт со семејството на госпоѓа Нада и понуди помош околу обезбедување на билет за натпреварот, но бевме информирани дека ФФМ ќе ги обезбеди драгоцените билети. Приказната на крај дојде и до луѓето од Фудбалската федерација на Македонија, од каде соопштија дека и обезбедиле место на Арената „Филип Втори“, информираат од Здружението.
Сепак здружението на Манчестер Јунајтед од Македонија реши на госпоѓа Нада да и подари маичка и да биде почесен член на здружението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа