Фудбалот доби нов трансфер рекорд: Нејмар сам исплати 222 милиони евра, во Барселона почнаа да му ги палат дресовите (ВИДЕО)

 

Нејмар во ПСЖ ќе стане втор најплатен играч на светот. Ќе заработува 30 милиони евра годишно, а единствен со поголема плата од него ќе биде Карлос Тевез кој игра во Кина.

Часови го делат Нејмар од трансферот во ПСЖ, кој ќе биде убедливо највисок во историјата, 222 милиони евра. Секој навивач на Барса го погоди оваа вест, затоа што талентираниот Бразилец им донесе многу радости на фановите. Но, дојде крајот, па како што често знаат да направат фановите почнаа да ги палат неговите дресови.

 

Барселона потврди дека застапниците на играчот денеска попладне ги посетиле канцелариите на клубот и уплатиле 222 милиони евра во име на играчот како еднострано би го раскинале договорот. Барселона ќе ги проследи до УЕФА деталите на тој договор како би ги утврдиле евентуалните дисциплински последици.

Нејмар со Лионел Меси и Луис Суарез ја составуваше можеби најдобрата тројка во историјата на фудбалот. Сега на тоа му дојде крај и Барселона ќе мора да побара адекватна замена за крилниот напаѓач. Најмногу се споменува доаѓањето на Фелипе Кутињо, кого Ливерпул не сака да го пушти. Неодамна од англискиот клуб одбија 100 милиони евра за него, а Клоп порача дека Бразилецот не е на продажба.

Нејмар во ПСЖ ќе стане втор најплатен играч на светот. Ќе заработува 30 милиони евра годишно, а единствен со поголема плата од него ќе биде Карлос Тевез кој игра во Кина.

 

 

 

03.08.2017 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега