ПСЖ за него ќе потроши 445 милиони евра – Нејмар ќе заработува по 85 евра за минута
Бразилецот Нејмар ќе заработува 45 милиони евра годишно во ПСЖ без даноци, пренесува Би-Би-Си.
Тоа е 3,75 милиони евра месечно или 865 илјади неделно, што е 123.626 дневно или 5.151 на час, односно 85 евра за минута.
Се очекува Нејмар со „Светците“ да потпише петгодишен договор, па со отштета од 222 милиони евра колку што Барселона ќе добие за него, ПСЖ ќе потроши околу 445 милиони евра за потписот на Нејмар.
Бразилецот во моментот е единствениот фудбалер кој заработува повеќе од спонзорски договори отколку што добива од договорот со клубот за кој игра. Тој од Најк, Жилет, Панасоник и Битс годишно добива по 40 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа