Вардар елиминиран од Копенхаген во Лигата на шампионите

 

 

Македонскиот првак Вардар е елиминиран од данскиот Копенхаген во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите. 

Вардарци во реванш мечот одигран на гостински терен на стадионот „Телиа Паркен“, загубија од  Копепенхаген со 4:1, па со вкупни 4:2 црвено-црните се елиминирани од Лигата на шампионите.

Домаќините уште во втората минута поведоа со 1:0 со голот на Јан Грегуш. Сепак, македонскиот првак брзо се врати во игра со погодокот на Бобан Николов во 19.минута. Вардарци и во продолжението беа поактивни, но по еден корнер во 26.минута од левата страна и лошата интерванција на Барсегјан кој си постигна авгогол, данскиот тим дојде повторно во водство од 2:1. 

Во вториот дел вардарци имаа и играч повеќе откако Грегуш во 71.минута заработи црвен карто. И, наместо бројчаната предност на теренот да биде искористена, македонскиот првак му дозволи на данскиот да дојде и до трет гол. Тоа се случи во 75.минута кога Федерико Сантандер од 4-5.метри несметан од никого, биеше со глава во мрежата на Гачевски. 

Конечните 4:1 за Данците ги постави Пиерос Сотириу во 88.минута од пенал. 

Со ова вардарци го завршија својот настап во Лигата на шампионите, но не и на европската сцена. Имено, македонскиот првак ќе настапи во плејофот во Лига Европа, каде го чекаат уште два европски меча до пласман во групната фаза.

 

 

 

03.08.2017 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега