УЕФА го казни Вардар

 

Европската куќа на фудбалот -УЕФА го казни македонскиот фудбалски првак Вардар парично за лошата организација на натпреварот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите против Малме, кој се одржа на стадионот „Младост“ во Струмица.

Раководството на „црвено-црните“ ќе треба да плати 55.000 евра за неколку престапи кои се направени според правилниците на УЕФА.

Вардар е казнет поради фрлање на предмети на теренот, девијантно однесување на публиката и попречување на актерите, блокирање на скалите на трибините, како и палење на факели и нивно фрлање на теренот.

 

 

 

02.08.2017 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега