Скандал во Скопје: Грчки ракометарки не сакаат да играат против Македонија
Првиот настап на Македонија на ЕХФ шампионатот за ракометарки до 17 години што се одржува во Скопје за жал го одбележа скандал, откако ракометарките на Грција од политички побуди одбија да излезат на терен против нашиот национален тим, објави спортскиот портал ЕКИПА.мк.
Грчките ракометарки се загреваа вообичаено, но кога дојде време да се излезе на терен за официјално претставување, челниците на репрезентацијата не им дозволија на девојчињата да се појават на терен. Причина – името Македонија кое се наоѓа на маиците на членовите на нашиот стручен штаб.
01.08.2017 - 17:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа