Вардар започна со продажба на билети за дуелот со Копенхаген
Македонскиот шампион Вардар започна со продажба на билети за реванш дуелот од 3. квалификациско коло за Лигата на Шампионите, кој ќе се одигра на гости во Данска против Копенхаген.
Билетите чинат 18 евра или 1,150 денари и нив ќе можат да ги купат само државјани на Македонија или Македонци кои живеат надвор од границите на државата.
Покрај име и презиме, потребно е да се прикаже и број на лична карта, како и телефонски број.
Средбата се игра на 2. август на стадионот „Телиа Паркен“ во Копенхаген. По првата средба „црвено-црните“ имаат предност од 1:0.
Повеќе информации за билетите ОВДЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа