Не му е доволно - Рондално откри колку деца сака да има

 

 

Кристијано е пресреќен и сака да има седум деца затоа што тоа е неговиот магичен број, открил еден пријател на Роналдо. За тоа што Роналдо го одбрал бројот седум е „крив“ Алекс Фергусон.

Еден од најдобрите играчи на светот, 32 годишниот Кристијано Роналдо е татко на три деца, шестгодишниот Кристијано Јуниор, едномесечните близнаци Ева и Матео, а неговата девојка 22 годишната Георгина Родригез е трудна и наскоро ќе има и четврто.

Меѓутоа, фудбалерот раскажува дека не сака тука да застане.

-Кристијано е пресреќен и сака да има седум деца затоа што тоа е неговиот магичен број, открил за португалски весник еден пријател на фудбалерот.

Инаку за тоа што Кристијано го одбрал бројот седум, кој подоцна стана негов бренд заедно со неговите иницијали, „крив“ е Сер Алекс Фергусон, кој беше тренер на Манестер Јунајтед кога Португалецот пристигна таму.

-Тој ми кажа дека сака да го носам дресот со број 7, изјави Роналдо во една прилика.

 

 

 

 

 

28.07.2017 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега