Убиецот од Злокуќани сеуште на слобода - МВР трага по бегалците од „Идризово“
Сеуште нема ни трага ни глас од тројцата затвореници, кои на 10. избегаа од „Идризово“, злоупотребувајќи го викенд отсуството. Од МВР за Телма изјавиле дека сеуште се трага по бегалците и по нив е распишана потерница, бидејќи, според досегашните информации, тие сеуште се на територија на Македонија.
Меѓу тројцата бегалци се најде и Сеад Јусуф, кој е еден од двајцата осудени на 15 годишна затворска казна за двојното убиство кое се случи пред 7 години во скопско Злокуќани, мотивирано од крвава одмазда. Едниот од другите двајца бегалци одлежувал затворска казна од 15 години поради извршени тешки кривични дела, додека другиот требало да одлежи една година во „Идризово“.
Затворениците кои ќе добијат право на викенд - отсуство, го напуштаат затворот со “домска легитимација“ и без патни исправи.