Медиумските закони повторно пред пратениците
Двата медиумски закони денеска повторно ќе се најдат пред собраниската Законодавно-правна комисија. Пратениците ќе расправаат по двата медиумски закони за предлог-законите за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање.
Членовите на Комисијата ќе го разгледаат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем во прво читање.
21.08.2013 - 08:32