Фановите бесни - УЕФА најави голема казна против македонскиот шампион Вардар

 

Вардар ќе добие казна од УЕФА за пропусти во организацијата на натпреварот против Малме, македонскиот клуб се терети по пет основи, останува да се види само колку ќе изнесува глобата која ќе треба да ја платат „црвено-црните“.

УЕФА на својот сајт објави пет причини по кои Вардар е се поизвесно дека ќе добие голема парична казна.

Фрлање на предмети, немири на трибините, блокирани излези, неспортско навивање, како и користење на пиротехнички средства.

Вардаровите фанови гневни на одлуката да нивниот омилен тим своите настапи во Европа ги игра во Струмица, наместо во Скопје на нашата најголема фудбалска арена, се истурија на УЕФА скандирајќи во повеќе делови од вчерашниот меч „УЕФА мафија“.

Причината за револтот кај вардаровите фанови е „Телеком Арената“ во Скопје, која е вон комбинација за нашите претставници во Европа ова лето, причината за тоа е мошне јасна, поради Суперкупот на Европа, односно дуелот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, предвиден да се одигра идниот месец во нашиот главен град.

Како што стои на официјалниот сајт на УЕФА, се вели дека одлуката околу казната за нашиот шампион ќе се донесе на 28 јули.

Како за потсетување, Вардар со вчерашната победа од 3-1 во Струмица, го елиминираше Малме откако во првиот меч во Шведска двете екипи ремизираа со резултат 1-1.

 

 

 

19.07.2017 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега