Алиоски се сели во Англија

 

По континуираната неизвесност околу идната кариера на македонскиот репрезентативец денеска и официјално се огласи швајцарскиот Лугано со потврда дека Езгијан Алиоски заминува од клубот и својата кариера ја продолжува во Англија. Како што е познато, чемпионшиплигашот Лидс јунајтед веќе извесен период категорично се нагласува како негова следна дестинација, пренесува Екипа.

„Алиоски најверојатно деновиве го има еден од последните тренинзи со тимот. Се поизвесно е комплетирањето на неговиот трансфер во англиски клуб“ – се вели во реакцијата од ФК Лугано, иако притоа не се наведува името на клубот во кој би продолжил македонскиот офанзивец.

Дека Алиоски се сели на Островот потврди и менаџерот на Лугано, Пјер Тами во изјава за швајцарските медиуми.

„Точно е дека преговорите со англискиот клуб веќе се при крај и може да завршат позитивно за двете страни. Да ја почекаме уште малку конечната одлука, но се поизвесно е дека Алиоски заминува во Англија“ – вели Тами.

Како што е познато, во трката за услугите на Езгијан Алиоски најзагреани беа Лидс јунајтед и швајцарски Базел, но се чини Англичаните се тие кои успеаја со поповолна финансиска понуда да се договорат со Лугано и привлечат македонскиот фудбалер.

 

 

 

11.07.2017 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега