Роналдо може да дојде во Скопје но само под еден услов
Супер купот кој ќе се одржи на 8 август во Скопје, меѓу екипите на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид ќе ги собере најдобрите светски играчи. Шпанска ,,Марка” пред извесен период информираше дека на ,,Телеком Арената” најголематата светска фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо нема да се појави поради една и единствена причина, заслужен одмор на ѕвездата на Реал.
Одморот беше предвиден да започне по евентуалното финале кое би го играла Португалија на Купот на конфедерациите.
Но, поради елиминацијата на Португалија од Чиле, плановите се сменија и сега Роналдо ќе има доволно време за одмор и ќе му биде достапен на Зинедин Зидан за Супер Купот во Скопје.
Играчот ќе почне со тренинзи една недела пред одигрувањето на натпреварот против Манчестер јунајтед.
На крај останува да се разреши уште еден услов и дилема која владее многу долг период, а тоа е дали Флорентино Перез ќе успее да го убеди Роналдо да остане во ,,кралскиот клуб”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа