Милевски: Ќе покажеме против Португалија дека сме заслужено на ЕП во Полска

 

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски на прес конференцијата во пресрет на средбата со Португалија истакна дека ќе има многу измени во тимот бидејки добар дел од играчите се уморни и треба освежување.

Поради повреда нема да настапи Бобан Николов, а во нашиот табор нема казнети фудбалери, а во шест одиграни натпревари меѓу Македонија и Португалија, нашата селекција оствари само едно реми. Селекторот Милевски најави дека Македонија ќе игра како и секогаш, отворено и на победа, Португалија е фаворит според нашиот селектор но ние нема да се предадеме.

-Португалците се одлична селекција, ја респектираме нивната низа без пораз која ја имаа се до мечот со Шпанија на ова ЕП, но истото е и со нас. И ние имавме таква завидна серија, и сигурно дека не сме за потценување. Не сакам да коментирам ставови на противниците, меѓутоа сигурен сум дека нема да решаваат изјавите, туку играта на двете селекции на теренот. Верувам во моите момци и знам дека ќе одиграат најдобро што можат, а со таков приод ние сме ја оставиле зад нас во квалификациите и една „милионерска“ селекција на Франција, изјави селекторот Благоја Милевски, на официјалната прес – конференција.

Ѓоко Зајков  утре ќе ја носи капитенската лента, тој изјави дека во тимот владее позитивна атмосфера меѓу фудбалерите, во пресрет на дуелот со Португалија.

Ќе дадеме максимум да победиме, бидејќи не е исто турнирот да го завршиме со еден или со четири бода. Противникот има одлични инвидуалци, но ние се насочуваме на нашата игра. Ќе се обидеме да ги сопреме, но и да се наметне. Посакуваме триумф, ќе дадеме максимум за да оствариме позитивен резултат. Одигравме два тешки натпревари, против Шпанија и против Србија, но секако дека ќе смогнеме сили за да одиграме најдобро што знаеме и против Португалците. Верувам дека можеме да стигнеме и до првата победа“, изјави Ѓоко Зајков.

 

 

 

22.06.2017 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега