Португалија најавува победа против Македонија

 

Португалија  не прави никакви математики во врска со гол разликата, најнапред треба да победиме против Македонија, потоа ќе размислуваме дали сме победиле со доволно голови разлика за бидеме најдобро второпласирана селекција, изјавија од таборот на Португалија во пресрет на натпреварот со Македонија.

Португалија со победа против Македонија ќе биде кандидат за завршницата на ЕП во Полска, потребна е подобра  гол разлика  но селекторот Руи Жорге изјави дека победата е примарна цел, а гол разликата е исто така важна.

-Вистина е дека сите ние знаеме математика, некои се оптимисти, дел се скептици, но верувам дека во последното коло ќе нема калкулации. Верувам дека и Македонците ќе се борат докрај, бидејќи и тие се горди и ќе сакаат да покажат дека заслужено се на турнирот со 12 најдобри млади селекции во Европа. Главна цел е да победиме, а ако можеме да биде убедливо ќе биде одлично за нас,  изјави селекторот на Португалија Руи Жорге.

Рикардо Орта не доби шанса на ЕП, тој на прес конференцијата најави дека неговата селекција ке даде се од себе да запише победа и се надева на пласман во полуфиналето.

-Сите ја знаете наша цел, а тоа е да дојдеме до победата. Максимално ја почитуваме Македонија која одигра одлично на натпреварите против Шпанија и против Србија. Сето тоа кажува дека ќе мора многу да се потрудиме за да дојдеме до победата, но верувајте знаеме како да стигнеме до трите бода. На крајот се надевам дека ќе се радуваме и на пласман во полуфиналето на ЕП, изјави Орта.

 

 

 

22.06.2017 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега