Добил средство за дезинфекција наместо физиолошки раствор - болничка негрижа го уби 60-годишниот битолчанец?

 

Битолската полиција денеска ги повика вработените од смената на Одделението за интензивна нега на Клиничката болница во Битола, кои беа дежурни во четвртокот попладне кога почина шеесетгодишниот битолчанец Јорго Ангеловски.

Од полицијата денеска излегоа со соопштение дека работат на расчистување на случајот и дека се преземени предистражни дејствија. Како што објавува весникот „Нова Македонија“ Ангеловски кој подолго време страдал од депресија, на 15-ти август испил поголема доза на антидепресиви и побарал помош во Одделението за ургентна медицина. Дежурната лекарка од транспортерот наложила на пациентот да му биде исчистен желудникот со физиолошки раствор, но, по грешка желудникот му бил чистен со средство за дезинфекција. 

Од Болницата велат дека ваквите информации ќе останат на ниво на шпекулации се додека не бидат утврдени фактите, за кои, како што се вели во соопштението од менаџерскиот тим, Клиничката болница целосно ги спроведе законските процедури.

ФОТО: Алфа

19.08.2013 - 16:37
Фото: 
Алфа

најчитано сега