Пиволенд повторно се сели на Кале
Од 11-ти до 15-ти септември скопјани ќе се журкаат на Пиволенд 2013. Оваа година, манифестацијата на која главниот збор го имаат пивото, скарата и музиката, повторно се враќа на својата стара локација, скопското Кале.
Сеуште се држи во тајност музичката програма и засега е познато дека ќе има 3 бини и тоа главна бина, ДЈ бина и бина за кавер бендови. Според најавите, посетителите ќе се забавуваат на околу 30 концертни спектакли.
19.08.2013 - 14:04