Уапсени млади пејачки од Косово и Албанија во Велешта

Викендов во полициска акција во струшкото село Велешта се уапсени четири естрадни уметнички од Албанија и Косово.

Според податоците од МВР, се работи за четири девојки од кои најмладата на возраст од 24 години, а најстрата на возраст од 34 години. Три девојки биле од Албанија, а една од Косово.

Тие нелегално престојувале во Македонија па затоа  треба да платат глоба од 300 евра, а забранет им е и влез во државава во период од шест месеци до една година.

19.08.2013 - 11:24

најчитано сега