Нема да ви се верува колку чини ноќевање во скопските хотели за Супер Купот на УЕФА

 

Хотелите во Скопје ќе бидат едни од оние кои најмногу ќе заработат благодарение на одржувањето на Суперкупот на УЕФА во нашиот главен град. Европските гиганти Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе играат на 8 август на „Телеком Арената“, а се очекува голем број на шпански, англиски, но и други туристи, кои ќе дојдат во живо да го проследат овој натпревар.

Иако има речиси уште два месеци до одигрување на Суперкупот, во Скопје е тешко да се најде хотел за спиење во тој период. Хотелите решија да го искористат овој настан и ги зголемија цените за претстој во овој период. 

Неверојатно, но вистинито е дека на еден од најпопуларните онлајн начини за резервирање на www.booking.com се нуди дводневен престој во Скопје за две лица во хотел за дури 3.000 евра. Тоа значи дека двајца туристи во една соба, во периодот од 7 до 9 август, ќе треба да платат 184.000 денари.

И покрај овие неверојатно високи цени, поголем дел од хотелите се полни, а во останатите има уште по неколку соби за резервирање. Едноставно, фактот дека најтрофејните англиски и шпански екипи ќе бидат во Скопје, го направи нашиот град, да биде поскап за спиење и од светските метрополи како што се Лондон, Њујорк, Токио.

 

 

 

 

 

 

16.06.2017 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега