Кумановчани утре ќе се спасат од комарците

Утре ќе се спроведе авионско прскање против комарци во Куманово. Дезинсекцијата против комарците ќе започне во 05 часот и ќе трае до 08 часот.

Доколку временските услови не се поволни, тогаш, авиодезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин, следниот ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Од општина Куманово потсетуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. 

19.08.2013 - 11:07
Фото: 
Црнобело

најчитано сега