15 месеци затвор за Роналдо
Најдобриот фудбалер на светот и прва ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се соочува со обвинувања на шпанскиот обвинител дека затаил данок од 14,7 милиони евра.
Тамошните медиуми јавуваат дека до крајот на јуни ќе биде почната постапка против португалскиот ас врз основа на истрагата на даночните службеници кои откриле дека од 2011-2014 Роналдо на Девствените острови ги сокрил своите приходи од продажба на правата на „имиџ“.
- Тоа не е случајно направено, го прекршил законот свесно и намерно, изјавија од канцеларијата на јавниот обвинител во Шпанија.
На Роналдо му се заканува казна затвор во траење од 15 месеци, но тој нема да ја одлежи со оглед на шпанските закони кои дозволуваат ако казната е до две години да се издржува условно на слобода.
Пред одреден период проблеми со законот поради затајување данок имаа и Лионел Меси, Нејмар, Алексис Санчез и други фудбалери кои настапуваат во Шпанија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа