Почнува продажбата на влезниците за Македонија-Чешка - еве колку чинат

 

Македонската машка ракометна репрезентација во недела (18.06.2017), со почеток од 20:45 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра последниот натпревар од Квалификациите за ЕП 2018 против селекцијата на Чешка.

Продажбата на влезници за натпреварот почнува денеска од 12:00 часот, на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се резервираат и онлајн на интернет-страницата на МК Тикетс.

Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Македонската машка ракометна репрезентација последната фаза од Квалификациите за ЕП 2018 ја почнува во четврток со натпревар на гостински терен против Украина во Суми. Веднаш по завршувањето на таа средба, нашата репрезентација се враќа во Скопје за последниот меч против Чешка во недела од 20:45 во СЦ „Борис Трајковски“.

Групата во која се наоѓаат Македонија, Чешка, Исланд и Украина е засега најизедначената група во Квалификациите, со тоа што сите четири репрезентации имаат по 4 освоени бодови по првите 4 одиграни кола. Последните две кола ќе ги одредат двајцата патници на континенталниот собир во Хрватска.

 

 

 

12.06.2017 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега