„Бомбата“ на Ристовски недоволна за да се победи Шпанија
Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз од Шпанија од 1-2 на арената „Филип Втори“ во Скопје во рамки на 6.коло во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.
„Црвената фурија“ го демонстрираше својот квалитет и по првите 45 минути водеше со 0-2. Резултатот за гостите го отвори Давид Силва, а вториот погодок беше дело на Диего Коста, по асистенција на Иско.
Македонија единствениот погодок го постигна во 66-тата минута и тоа на фантастично атрактивен начин. Пандев одлично проигра во празно, а нашиот репрезентативец откако го претрча Серхио Рамос испрати вистинска „бомба“ кон голот на Шпанија и немоќниот Давид де Геа.
Селекторот Игор Ангеловски во финишот ги отвори картите и се обиде со сите напаѓачи да дојде до реми, сепак Шпанија беше пресилен противник за да дозволи Македонија да погоди за реми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа