Големо разочарување: Скопје нема да го види Роналдо

 

Исто како и минатата година Кристијано Роналдо ќе ги пропушти големиот дел од подготовките на Реал Мадрид. Причината се големиот број натпревари во сезоната, Португалија како европски шампион ќе игра во Купот на Конфедерација, па најдобриот во светот доцна ќе го почне одморот, пишува Марка.

Но, токму поради тоа ќе добие малку подолг одмор, нема да патува ниту во Америка, нема да го игра „Ел Класико“ во Мајами против Барселона.

Роналдо ќе го пропушти и натпреварот со Манчестер Јунајтед, финалето во Суперкупот кој на 8-ми август се одржува во Скопје.

До тогаш тој треба да се врати во Мадрид, веројатно да тренира по посебна програма за да биде подготвен за шпанскиот Суперкуп кој на програмата е на половината од август.

Зијан ќе го штеди Роналдо за да може постепено да се враќа во форма, но и да избегнува повреди. Слично направија и минатата сезона.

 

 

 

 

09.06.2017 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега