Вардар е на насловните страници ширум Европа: „Плаче Карабатиќ, плаче Омејер, Вардар е шампион!”
Освојувањето на европската титула го лансираше македонскиот ракометен шампион Вардар на насловните страници на спортските медиуми во Европа – „Плаче Карабатиќ, плаче Омејер, Вардар е шампион!”,„Добредојдовте меѓу бесмртните”, „Вардар држи лекција по ракомет”…, се само дел од насловите за успехот на македонскиот шампион.
Милионите не се секогаш гаранција за конечен успех. Таа лекција ја доби ПСЖ, клубот кој потроши над 5о милиони евра во последните четири години, но не успеа да стане шампион на Европа.
Македонскиот шампион предводен од Раул Гонзалес ја освои титулата во Келн, во еден од најспектакуларните мечеви во овој спорт во последно време. Тимот со најголемите ѕвезди во овој спорт беше разбиен од тимот што игра најпаметен ракомет во Европа денес, пишува шпанска „Марка“ за сензационалниот триумф на Вардар во Лигата на шампионите во текстот со наслов –
„Шпанскиот“ Вардар ја освои првата шампионска титула.
„La desillusion“ – РАЗОЧАРУВАЊЕ е насловот на францускиот весник „Лекип“ за поразот на ПСЖ од Вардар во годинашното финале на Ф4 турнирот во Келн.
„Плаче Карабатиќ, плаче Омејер! Чупиќ со сирената, Вардар шампион“, пишува хрватскиот портал 24sata.hr…
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа