Еве што изјави херојот Чупиќ по историската победа на Вардар

 

Договорот беше топката во последниот напад да оди на мене, баш како што вежбаме на тренинг. А испадна како што испадна, кажа Иван Чуиќ после својата втора титула во пред во Лигата на шампионите.

Да бидеш победник во спортот, човек кој во најважните моменти сите соништа, треперања и очекување на тимот ќе ги преземе на свој грб, тоа е улога која можат да ја изиграат само одбраните.

Вардар во Келн имаше неколку такви играчи. Лука Циндриќ со голот за пласман во финале, Иван Чупиќ со голот вреден титула, Арпад Штербик со своите одбрани, Вуко Борозан, кој самоуверено ја полнеше мрежата и на Барселона и на ПСЖ.

-Искрено, бевме најдобар тим на завршниот турнир. Да, имавме и среќа, но среќата ги прати храбрите, кажа Чупиќ.

Против Омејер сепак не помага никаква среќа. Мораш да бидеш стварно добар за покрај него да ја провлечеш топката во најважниот натпревар од сезоната.

-Договорот беше топката во последниот напад да оди на мене, баш како што вежбаме на тренинг. Меѓутоа, не беше баш лесно да му дадеш гол на Омејер, истакна Иван.

-Не дојдовме во Келн да бидеме статисти, се надевавме на титулата. Вардар стана голем тим, а оваа титула го рефлектира тоа. Навистина ја покажавме својата големина, кажа Чупиќ.

 

 

 

05.06.2017 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега