Претседателот Иванов им ја честита победата на Вардар
Претседателот Иванов им ја честита победата на РК Вардар и пласманот во финалето во ракометната лига на шампиони.
„Примете искрени честитки. Овој успех е уште повеќе значаен и драг за сите нас во Македонија, што доаѓа од Вардар, нашата национална гордост. Вечерва вие создадовте историја, ви посакувам утре целосно да ја освоите Европа. Браво момци, честитки до играчите, целиот стручен штаб и раководството за огромната победа и пласманот во финалето. Цела Македонија ве бодри и навива за вас. Напред Вардар!“,се вели во честитката од македонскиот претседател до ракометниот клуб Вардар.
03.06.2017 - 21:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа