Никола Груевски и неговата сопруга Боркица го бодрат Вардар
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со неговата сопруга Боркица присуствува на завршницата од ракометната Лига на шампиони, популарниот „Фајнл фор“ кој одржува во германскиот град Келн.
Груевски е дел големиот број Македонци кои викендов се упатија кон Келн, со цел да го бодрат македонскиот шампион Вардар, кој има историска можност да се закити се европската круна и да се искачи на врвот на ракометна Европа.
Откако испиша историја и стана првиот македонски машки клуб кој се пласирал на ракометниот фајнл-фор турнир од Лигата на шампионите, Вардар денеска го почнува настапот на најголемата ракометна клупска смотра во Келн.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа