Докторите го носат во суд - Поранешниот фудбалер во нови проблеми додека чека бубрег за трансплантација
Според информациите од Бремен, Класниќ сега го чека уште една макотрпна борба затоа што лекарите наводно му припремиле жалба. Поранешниот напаѓач од есен чека нов бубрег.
Иако се чинеше дека правосудната борба на Иван Класниќ е завршена, се чини дека поранешниот хрватски напаѓач ќе мора повторно на суд. Како што јавува Радио Бремен, двајцата лекари Гец Димански и Мању Гуха, против кои судот во Бремен донесе неправосилна пресуда на крајот на март поради грубите лекарски грешки, ќе се жалат на Вишиот регионален суд.
Судот во Бремен им нареди на лекарите на Класниќ да му исплатат секој по 100 илјади евра оштета, поради претрпена болка и да ги платат сите трошоци за лекувањето. Судијата утврди дека Класниќ само во 2007 година поради неможност да ги исполнува своите професионални обврски, претрпел материјална штета во висина од еден милион евра. Освен тоа лекарите се одговорни за цела материјална и нематеријална штета која Класниќ ја претрпел поради губењето на бубрегот.
Според информациите од Бремен, Класниќ сега го чека уште една макотрпна броба, затоа што лекарите наводно припремиле жалба. Поранешниот напаѓал од есен чека нов бубрег и во меѓувреме три пати неделно оди на дијализа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа