Пандев ја напушта Џенова
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев оваа лето ќе ја напушти италијанската Џенова.
Раководството и претседателот на тимот, Прециози донеле одлука оваа сезона на некои играчи да не им се продолжат договорите, меѓу кои е и македонскиот интернациоаналец.
Пандев во Џенова дојде од Галатасарај пред две години додека и на 35 средби за две сезони има постигнато три погодоци.
На листата за заминување се и имињата на Бурдисо, Пинила и голманот Рубињо. Инаку Пандев освен во Турција во Галатасарај, целата кариера ја помина во Серијата А, па најверојатно таму и ќе ја заврши кариерата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа