Буфон откри што ќе работи по завршување на фудбалската кариера - нема да верувате
39- годишниот Џанлујџи Буфон е еден од најдобриот голман на сите времиња. Иако е во ветерански години, сѐ уште не најавил пензионирање, но и тоа како е свесен дека ќе дојде и тој ден. Затоа одлучил со што ќе се занимава кога ќе ги „фрли“ голманските ракавици.
Тој открил дека одлучил да вложи пари во изградба на виноград и производство на вино. Затоа започнал службена соработка со еден од познатите италијански винари Фабио Кордели, кој има стотина хектари под виноград на југот од Италија.
-„Брзо се договоривме. Ме воодушеви со тоа што е добар познавач на вината и знае да ужива во нив.“- откри Кордели. Затоа, на азарот се пуштени 3 „пробни“ серии вино под името „Буфон #1 #2 #3“.
Планирано е годишно производство од околу 90.000 шишиња, по 30.000 бело, црно и розе, а веќе следната гдина на пазарот би требало да се најде и маслиново масло со името на Буфон.
-„Ова е дефинтивно работа на иднината.“- признава Буфон и додава: „Тоа е напорна работа, но луѓето ја прават со љубов. Затоа ова вино е навистина добро.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа