20 годишна Македонка го одби милијардерот Субрата Рој
20 годишната Тамара Андреева од Македонија одбила да му биде личен асистент на индискиот милијардер Субрата Рој, објавува Телеграф.мк.
Младата Тамара работи како модел, а во Индија престојувала три месеци. Таму снимала реклами за индиски компании, пренесува порталот.
Таа раскажува дека престојот во Индија било одлично искуство за неа, а нешто што ќе памети е понудата за работа кај Субрата Рој.
- Индија ми беше најдоброто искуство, можам да кажам дека делумно таму запознав уште една поинакваТамара, едноставно се пронајдов себе си до некаде. Прифатив понуда за да работам во Индија бидејќи сум голем авантурист и сакам да го прошетам буквално целиот свет. Инаку нешто што ќе го паметам цел живот, беше понудата да работам како личен асистент на Субрата Рој, вели младата Андреева за Телеграф.мк.