ЖРК Вардар ја одбрани шампионската титула

 

Ракометарките на ЖРК Вардар ја одбранија шампионската титула и по петти пат по ред го освојуваат првото место во националното првенство.

Попладнево во финалето од завршниот турнир од плеј офот тие го победија тимот на Вардар СЦЈС (втор тим на Вардар) со 54:24 (24:11).

Најефикасна на дуелот беше Сара Ристовска со 10 голови, Александра Лакрабер постигна 8, а Камила Харем 7.   

Со овој триумф „вардарки“ очекувано ја освоија двојната круна оваа сезона откако во саботата го освоија и пехарот во Купот на Македнија.  

 

 

 

22.05.2017 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега