Дождот го прекина мечот Ѓоковиќ - Дел Потро во Рим
Силниот дожд беше причина четвртфиналето на Мастерсот во Рим меѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин Дел Потро да биде прекинато при резултат 6:1 во првиот сет за Ѓоковиќ и 2:1 за Дел Потро во вториот.
Мечот ќе продолжи денеска по женското полуфинале меѓу Симона Халеп и Кики Бертенс.
Победникот од мечот во полуфиналето навечер ќе игра против Доминик Тием кој го победи Рафаел Надал.
Во второто полуфинале ќе играат: Џон Изнер и Александар Зверев. Во второто женско полуфинале ќе играат: Јелена Свитолина и Гарбине Мугуруза.
20.05.2017 - 11:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа