„Вардарки“ во финале- совладан европскиот првак

 

Ракометарките на ЖРК Вардар се пласираа во финалето на Лигата на шампионите оваа сезона откако во полуфиналето на завршниот турнир во Будимпешта го совладаа европскиот првак Букурешт 38:33 (21:13). Ова за „вардарки“ беше четврто полуфинале и за првпат победија и се изборија за финалето кое утре го играат против унгарската екипа Ѓер, која со 26:20 го победија тимот на Будуќност. Почетокот на финалето е во 17:45 часот.

ЖРК Вардар фуриозно го почна дуелот и од самиот почеток македонскиот првак имаше водство кое го зголемуваше. Во финишот на првиот дел Вардар го имаше највисокото водство со 20:9.  Во вториот дел Букурешт се обидуваше да намали, но не успеаваше. Вардар имаше водство од 31:21 со што беше најавена победата.
Најефикасни кај Вардар беа Андреа Пенезиќ и Јованка Радичевиќ со по 7 голови, а Андреа Лекиќ постигна 6. Одлична на голот во првиот дел беше Амадин Лејно, додека Ина Суслина одбрани три седмерци во серија во првиот дел.
Со оваа победа Вардар им се реваншираше на ракометарките на Букурешт за ланскиот пораз од 27:21, а претходните две полуфиналниња Вардар загуби од Будуќност (17:27 и 20:22).
 

 

 

06.05.2017 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега