Полицијата упадна во просториите на овие два фудбалски клуба- уапсен директорот

 

Британската полиција упадна денеска во простории на англиските фудбалски клубови Вест Хем и Њукасл во рамки на истрага за наводно затајување данок при што се уапсени неколку луѓе, јавија британски медиуми.

Според Скај, освен редовни, 180 специјалци работеле на случајот ширум Велика Британија и Франција што предизвика апсење на неколку луѓе кои работат во професионалниот фудбал.

Како што се наведува, меѓу уапсените е и директорот на второлигашот Њукасл, Ли Чарнли.

Во полициско соопштение се вели дека биле претресени неколку објекти на североисток и југоисток во Англија, запленети се деловни книги, финансиски извештаи, компјутери и мобилни телефони. Француската полиција им помага на британските власти. 

 

 

 

26.04.2017 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега