ФФМ ја казни Шкендија по инцидентот
Тетовска „Шкендија“ следните шест натпревари како домаќин ќе ги одигра без присуство на публика откако Дисциплинската комисија на ФФМ го казни овој клуб откако за време на реванш полуфиналето во Купот на Македонија меѓу Шкендија и Вардар, кога по конфликтот меѓу двајцата капитени Бобан Грнчаров и Ферхан Хасани на терен влегоа дел од навивачите.
Утрешниот дерби дуел од првенството меѓу Шкендија и Вардар ќе се игра без гледачи, како и сите натпревари на Шкендија до крајот на шампионатот.
Казната ќе биде и за првиот дуел од новото првенство.
Шкендија може да се жали на одлуката.
25.04.2017 - 21:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа