МНР: Избегнувајте го Египет како туристичка дестинација

 

Mакедонската амбасада во Каиро е безбедна. Нема опасност за дипломатскиот персонал. Амбасадорот Миле Манолев, денеска, ден по масовните нереди беше на работното место. Вели дека деенска состојбата е мирна.

Македонската амбасада во Египет нема информации за евентуални македонски туриси на крајбрежните туристички дестинации. Досега во Амбасадаат никој не се јавил да побара каква било помош или совет. Иако, амабсадорот Манолев вели дека туристичките места се мирни и  безбедни, сепак советува да се избегнува Египет како туристичка дестинација, или пак оние кои решиле да патуваат да ги обезбедат сите неопходни информации.

Македонските туритсички агенции речиси и да не нудат аранжмани за немирниот Египет. Но, македонски туристи има на плажите на црвеното море, занинати претежно со странски туристички агенции.

15.08.2013 - 21:44

најчитано сега